Инфраструктурните предлози на Левица во штипскиот совет, стануваат реалност!

ЛО стипион

На последната седница на штипскиот совет, од страна на советникот од Левица, Ангеле Михајловски, беа поднесени повеќе иницијативи за решавање на инфраструктурни проекти.

Истите тие предлози беа посочени од сограѓани, жители на Штип.

Иако конкретните предлози беа игнорирани од страна на мнозинството советници на локалната власт, сепак, набрзо истите започнаа да се остваруваат.

Партерното уредување пред станбените објекти со број 13, 15 и 17 на улицата „Сремски фронт“ веќе е во напредна фаза, а деновиве се започна со реконструкција и на улицата „8 Април“.

Горливите проблеми на жителите на Штип се наш приоритет.

Затоа ги охрабруваме сите сограѓани, кои имаат било каков проблем, да се обратат до Левица, како би можеле нивните барања да добијат институционална разрешница!

Тоа што иницијативите на Левица се званично одбивани од страна на мнозинството, а потем се пристапува кон нивно остварување, говори за крајна дволичност и нереално одбивање на нашите реални иницијативи, произлезени од потребите на граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ШТИП
15.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ