Левица – Кисела Вода: Фирма осомничена од СЈО ќе го гради булеварот „Борис Трајковски”

Во типичен предизборен циркус, градоначалниците Петре Шилегов и Филип Темелковски во февруари најавија продолжување на изградбата на булеварот „Борис Трајковски” – дури 2 километри во цели 4 години!

Освен што на булеварот нема речиси никакви градежни активности, откако Шилегов и Темелковски помпезно направија шоу за јавноста, овој случај го следат уште контроверзности. Имено, добитник на тендерот, во вредност од речиси 210 милиони денари, е компанијата „Вато”, која беше дел од случајот „Труст” на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство во 2017 година го отвори случајот „Труст”, каде ги гонеше првите луѓе на компаниите „Транс мет“ „Силекс неметали СТ“ и „Вато“ за учество на тендер на Електрани на Македонија, ЕЛЕМ. Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ беа осомничени дека добиле тендер за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол во вредност од 17 милиони и 235 илјади евра со фалсификувани документи.

Сеад Кочан беше осуден на шест години затворска казна, Василије Авировиќ на три години, додека сопственикот на „Вато” беше ослободен. Јасно е дека СЈО беше обична фарса на власта на СДСМ, поддржано од странскиот фактор, чија единствена цел беше уцени и рекет за завршување на криминалните активности на Владата, каде најмногу дојде до израз при гласањето за промена на името.

Одличната соработка помеѓу актуелната власт со фирмите на поранешната власт од ВМРО-ДПМНЕ, јасно покажува дека СДСМ не само што ги амнестира претходните криминали, туку истите ги продолжи и награди.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КИСЕЛА ВОДА
11 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ