Македонското МНР и Османи не ги застапуваат ниту позициите на македонскиот народ, ниту на републиката!

македонско мнр русија

Суверенитетот во надворешната политика Република Македонија одмана го има изгубено. Претставниците избрани од народот застапуваат интереси на туѓи амбасади, држави, или унии, но, не и на оние од кој се избрани.

Слепата послушност кон империјалистичко-злосторничките политики на НАТО пактот, вмешувањето во туѓи конфликти, подржувањето на агресивните воени дејствија во трети држави чии богатства се експлоатираат, или подржувањето на неоснованите обвинувања на „стратешките сојузници“ секојдневно ги уништуваат и онака слабите релации со многу драви ширум светот.

Ваквото незрело, квислингшки-послушничко однесување, претставуваат и секојдневните анти-Руски политики. Како држава последните неколку години, неосновано, повеќекратно се солидаризиравме со санкциите кон Руската Федерација, патем претходно македонските власти донесуваа и одлуки за протерување на руски дипломати.

Во изминатиот период, и, покрај подадената рака од страна на РФ во време на пандемија и разговори за затоплување на односите помеѓу двете земји, министерот за Надворешни работи, Османи, одлучи да ги разруши ваквите релации. Последен чин на вакво непријателско однесување претставуваат неговите ставови, кои не се соодветни со волјата на македонските граѓани, ниту ги застапуваат интересите на републиката.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
СЕКТОР ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА И БЕЗБЕДНОСТ
17 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ