Вејсели од Железници манипулира – работниците се на принуден одмор без нивно барање

imageedit_1_3640921378

Откако Левица, по добиени информации од работници, објави дека работниците од Македонски Железници се испраќаат на “доброволен” принуден одмор со пониска плата, директорот Вејсели со неоснован демант безобразно манипулираше дека работниците се испраќаат со нивна согласност и барање.

Во прилог, Левица ја објавува одлуката на претпријатието, во која стои дека поради влошена економска ситуација, работниците ќе бидат УПАТУВАНИ на доброволен привремен принуден одмор, при што ќе им биде исплатена плата во висина од 80% од основната плата.

Ниту законската регулатива не познава термин “доброволен” принуден одмор, а тоа што работниците ќе бидат упатувани на принуден одбор од страна на Раководителите, го демантира Вејсели дека тоа е на нивно барање!

Дополнително, пред една недела, беше обзнането дека Директорот за економски и финансиски работи во Македонски железници, ШЕНУР ОСМАНИ, го злоупотребувал службеното возило. Имено, според испратниците, Османи истовремено полнел и бензин и дизел во службеното возило во рок од една минута – што јасно алудира дека со народни пари точел гориво во приватно возило.

Тоа што институциите не постапуваат по овие скандалозни информации, потврдува само дека Македонија е предводена од тоталитарен режим, каде институциите се заробени од криминалната владејачка клика.

Поради штетните и криминални политики од сите власти досега, Македонски железници е едно од најголемите загубари, со долг од над 67 милиони евра – додека директорот од Алтернатива, Мајан Вејсели, ги продолжи ваквите расипнички политики.

313285509 698867624929638 899363754715695034 n

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
10.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ