Зошто Пецаков го одложува формирањето комисија за бранителите?

бранители охрид

На 26 април, советникот на Левица во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, поднесе иницијатива со која беше побарано

Советот на Општина Охрид да донесе одлука за ослободување или процентуално намалување на давачки и надомести кон Општина Охрид за бранителите на Република Македонија.

Оваа иницијатива беше прифатена од страна на Претседателот на совет и Општина Охрид.

Беше донесена одлука да се формира комисија, составена од советници, која ќе го утврди точниот број на бранители во Општина Охрид. До денес оваа комисија не е формирана.

На XX Седница на Советот на Општина Охрид за советнички прашања, советникот на Левица постави советничко прашање до градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кога ќе биде формирана комисијата и кога ќе биде реализирана иницијативата.

Градоначалникот одговори дека реализацијата на иницијативата ќе биде одложена за следната година затоа што Општина Охрид потрошила огромни финансиски средства за уредување на градежно земјиште.

Левица Охрид бара од градоначалникот Кирил Пецаков што поскоро да биде формирана комисијата која ќе пристапи кон утврдување на бројот на бранителите во Општина Охрид. Формирањето на комисијата не повлекува финансиски трошоци на општината. Освен тоа, со реализирањето на оваа иницијатива само ќе се скрати приходот од Јавните Претпријатија кон општината, затоа што се бара само намалување на сметките од Јавните Претпријатија на бранителите, а не одобрување на финансиски средства, со исклучок во делот каде се бара ослободување од месечен надомест на ужина и екскурзии на децата на бранителите.

Левица Охрид смета дека спроведувањето на одлуката за ослободување или процентуално намалување на давачки и надомести на Општина Охрид за бранителите на Република Македонија е поприоритетна од било која друга одлука, вклучително и одлуката за уредување на градежно земјиште.

Со социјални проблеми се соочуваат голем број бранители , учесници во конфликтот во 2001 година, како и нивните семејства. Оние кои храбро се бореа за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, сега се заборавени од страна на државата. Сепак, во рацете на општинските власти е можноста да се исправи неправдата која дваесетина години им ја нанесува државата на оние кои по цена на својот живот застанаа на браникот на татковината.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ОХРИД
13.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ