(Видео) Симонов: Општи флоскули, недостаток на индикатори, ниска вклученост на јавноста и оценување се само дел од слабостите во програмите на Општина Свети Николе

Симонов

На петтата и шестата редовна Седница на Советот на Општина Свети Николе беа изгласани програмите за работа на Локалната самоуправа за 2022 година.

Советникот од редовите на Левица, Александар Симонов по однос на истите побара збор и укажа на бројните слабости кои се наоѓаат во истите. Клучните забелешки беа насочени на:

1. Веќе десетина години шаблонски се повторуваат исти програми кои во најголем дел не ги застапуваат реалните потреби на граѓаните.
2. И покрај промената на партијата на власт, над 80% од програмите се идентични со оние од претходната година, без постоење на посериозни измени.
3. Вклученоста на јавноста, граѓаните и месните заедници при креирањето на програмите е на загрижувачки ниско ниво.
4. Програмите се преплавени со општи фрази и фоскули во целосно отсуство на диспозитивни одредби кои никого не задолжуваат со ништо.
5. Теоретскиот дел од програмата воопшто не е усогласен со практичниот дел (проектите) кој треба да биде спроведен во програмата.
6. Програмите не содржат индикатори според кои може да се оцени дали одредена програма е реализирана успешно или неуспешно.
7. Отсуство на одредби за одговорност од членовите на комисиите, претседателите или градоначалникот во случај на неспроведување на програма.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ