Левица – Струмица: АД Водостопанство отпишува долгови на фирми блиски до Заеви

Левивица Струмица

Одборот на директори на државното претпријатие АД Водостопанство, на крајот на месец април, донесе одлука да го отпише долгот во износ од 1.007.964 денари на струмичката фирма „АГРОДИВИС”. Се работи за фирма на Ѓорѓе Цветков од Струмица, кој важи за еден од финансиерите на СДСМ и близок до семејството Заеви.

Истовремено, нашите извори информираат дека во одборот на директори се лица блиски до Зоран Заев, повеќето по потекло од Источна Македонија и Струмица. Еден од нив е Стојан Ефтимов, кој од 2017 година фигурира како член на Одборот на директори.

Во 2016 година, Стојан Ефтимов добива функција помошник – директор за оперативни технички прашања во ЈПКД Комуналец Струмица, набргу откако Зоран Заев од градоначалничката функција на Струмица станува пратеник, а в.д градоначалник станува Костадин Костадинов.

Наместо Владата на СДСМ да ги отпишува долговите на бизнисите блиски до власта, треба да најде механизми за отпишување на дологовите на физички лица кои се од социјално ранливи категории на луѓе и кои мака мачат да врзат крај со крај. За време на економска и здравствена криза, кога голем дел од граѓаните беа исклучувани од струја поради неплатени сметки и кога јавниот долг ја внесе Македонија во должничка криза, ваквите енормни привилегии за одредени фирми покажува дека власта, предводена од Зоран Заев, државата ја води како акционерско друштво за акумулирање профит на своите блиски соработници.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СТРУМИЦА
21 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ