Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Центар: Зошто може да се спроведе конкурс за „Треска”, но не и за „Холидеј Ин”?

    Пред три дена, Општина Центар на Електронскиот систем за јавни набавки и официјалната веб-страна на Општина Центар (конечно!) го објави Конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистичко решение за локалитетот фабрика „Треска“.

    Распишувањето на овој конкурс е доолгоочекуван резултат на големиот притисок од јавноста, но истиот сметаме дека е задоцнета реакција и е резултат на веќе неколкугодишно лобирање, јавно изразување на желбите на самите граѓани, но и на стручната јавност, а не на реалните заложби и напори на Градоначалникот и општинските власти.

    Иако Градоначалникот и самата Општина Центар беа запознаени со овој проблем уште во почетокот на мандатот, сега, на неколку месеци пред избори, во своевидна улога на предизборен маркетинг решава да го поправи својот рејтинг спроведувајќи конкурс, кој впрочем би требало да биде општо прифатена пракса кога се во прашање атрактивните локации како Треска и кој практично е единствен начин да се донесе ДУП кој нема да биде под диктат на инвеститорите и кој ќе биде во интерес на сите граѓани.

    Воедно, истиот конкурс сметаме дека има за цел да одвлече внимание од настаните околку спорниот ДУП и издавањето на дозволи на градба кај „Холидеј Ин”, а особено откако пропадна онаа смешна драмолетка околу погрешените елаборати во Министерството за транспорт и врски.

    Само по себе се наметнува прашањето зошто конкурс за „Треска”, но не и за „Холидеј Ин”? Зошто сега, а не навремено да се реагира за сите лоши и спорни ДУП-ови на територијата на општина Центар?

    Дали Центарци заради овој конкурс, кој што всушност претставува нормално (и правилно) работење на општинските власти, треба да заборават на катастрофалната состојба во која се улиците во Центар, на пренаселеноста и немањето на соодветна инфраструктура во центарот на градот, на заборавените од времето Маџар Маало и Ново Маало, на ширењето на општината кон Водно, белите дробови на градот, на масакарот на дрворедот на Орце Николов и на сите малверзации околу парцелите пред „Холидеј Ин”?

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЦЕНТАР
    28 јуни, 2021

    Најнови објави