Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица – Богданци: Одбиен годишниот извештај за работењето на ЈП „Комунална Чистота” од страна на советот

На последната седница на Советот на Општина Богданци, која се одржа на крајот на април,
јавно достапниот записник од одржаната седница внесува сомнеж дека Извештајот по Годишна сметка на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2020 година се сторени злоупотреби на финансиски средства од страна на директорот Ристо Прочков и другите раководни лица.

Имено, на самата седница не се појавува директорот Прочков да го презентира извештајот, туку сосема трето лице, што не е пракса и претставува своевиден преседан.

Локалниот огранок на Левица од Богданци јавно бара предложениот извештај од седница бр.63 да биде
јавно достапен, да знаат граѓаните од Богданци, Стојаково, Селемнија и Ѓавото каде завршуваат и како се трошат нивните пари.

Директорот Прочков јавно да излезе и да го презентира работењето на ЈП „Комунална Чистота” за 2020 година и да објасни зошто истиот не е усвоен на седницата. Евидентно е дека постои разединетост помеѓу самите советници од владејачката СДСМ , каде некои гласаат За, додека некои воздржани.

Ветувавте транспарентност, отчетност и чесност! Овде гледаме сè, освен она што го ветувавте пред избори,
затоа граѓаните на наредните избори ќе го дадат својот глас
За себе,
За своето родно место,
За чесно и одговорно работење ,
За развој и просперитет,
За општина за сите!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БОГДАНЦИ
29 јуни, 2021

Најнови објави