Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Велес: Железничкиот премин под село Горно Оризари е опасен по живот

    Нереализираните политички ветувања се ризични по живот. Последица од несериозноста и неспособноста на политичарите е тешкиот инцидент кој се случи на отворениот железнички премин кај селото горно Оризари во кој тешко повреден беше жител на Велес. Ова е втор случај во последните две години кој се случува на истиот премин , кој нема светлосна и звучна сигнализација!

    Иако во програмата на СДСМ и Коцевски, овој премин беше ставен во приоритетите за решавање, наместо решение, овој премин остана црна точка која на суров начин потсетува на неодговорноста на локалната власт и немањето слух и капацитет да се реши овој проблем кој датира од почетокот на независноста на Македонија.

    Во отсуство на одговорност од институциите платени од граѓаните да ја обезбедат нивната безбедност, апелираме до сите возачи и граѓани да внимаваат при преминувањето на овој железнички премин, додека некои од надлежните институции не одлучат дека е вистинското време да си ги исполнат обврските за кој што се платени од народни пари!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
    19 јуни, 2021

    Најнови објави