Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Дали Талат му го пратил известувањето на Апасиев по гулаб-писмоносец?

(Процедурално обраќање на пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев во однос на поднесената иницијатива за референдум.)

„На ден 07.10.2022 година, јас како граѓанин-физичко лице, не како пратеник, сум Ви поднел Граѓанска иницијатива за распишување на дополнителен референдум. Вие сте објавиле некое известување до медиуми на ден 12.10.2022 година.

Значи ПЕТ дена по моето поднесување на предлогот со 750 потписи, но, ова известување јас сѐ уште како овластен предлагач го НЕМАМ добиено писмено.

Јас немам никакво Известување, по што би почнале да течат (според Вашето толкување) деловнички предвидените 15 дена за корекција на она што не ви се допаѓа. Иако, Вие НЕМАТЕ ПРАВО да навлегувате во тоа дали ви се допаѓа или не ви се допаѓа формулацијата на прашањето.

Сакам да Ве прашам дали го пративте известувањето, дали по гулаб ми го пративте, дали по препорачана пошта ми го пративте известувањето? Сигурно не сметате дека објава во медиуми се смета за уредна законска достава.

Така што прашањето ми е: КОГА ќе го доставите Известувањето и до кога ќе купувате време со оваа иницијатива за референдум? “

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
20.10.2022

Најнови објави