🔴 Дел од гостувањето на пратеникот од Левица во, Борислав Крмов во Сител, 17.09.2022 г.
,,Претседателот Пендаровски имаше изјава, и тоа во пишан медиум , каде тврдеше и други глупости, дека сме му дале орден на рускиот амбасадор.
Всушност, се работеше за монета со ликот на Гоце Делчев, од 150 примероци кои што ги дававме на сите личности.
🔗Финансирање со странски пари, посебно од странски влади, на политички партии е кривично дело. Ако власта има било какви индиции, нека отпочнат процедура, не да фрлаат магла на јавноста.
Ова јавно ги повикувам: ако има еден денар Левица да примила за застапување на странски интереси, утре нека покренат постапка. Ќе видите дека нема да покренат!”
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
18.09.2022