Левица Аеродром: Средба на советниците од Левица со жителите од Мичурин

Реџеп Исмаил _ Дарко Масларковски

Со веќе воспоставена пракса и со несмалена динамика советниците од Левица од Општина Аеродром и Град Скопје остварија средба со жителите од населбата Мичурин.

Поради големиот интерес и големиот број на Mичуринци, предност им беше дадена на повозрасните. Проблемите како и во останатиот дел од општината се пресликуваат. Од проблем со недостаток на паркинг места до ниското ниво на оддржување на хигиената.

Тоа што многу загрижува и на што ќе ставиме акцент е игнорантскиот однос на службите во Општина Аеродром и нивното непостапување по барањата на граѓаните.

Само од вчерашната средба имаме повеќе од 10 нереализирани барања кон различни служби. Фактот што и покрај промените на политичките партии од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, неодоговорноста и неодговарањето по барањата на жителите е константа.

Па така, има и барања од 2012 година, но и од 2019. Ова мора да престане и службениците кои работат во општината мораат да одговараат на прашањата и барањата на аеродромци без исклучок!

Ние како вистински претставници на народот, гласно ќе ги поставиме на идната седница и во име на народот мора да бараме одговори и решенија. Нашите средби продолжуваат секоја недела, сѐ дур не се помине целата територија на Општина Аеродром. Од Железничка станица до Долно Лисиче.

Луѓето се среќни дека конечно некој се сетил на нив надвор од предизборната политичка кампања. Ние, од Левица Аеродром пак сме среќни со тоа што можеме искрено да помогнеме во решавање на проблемите на нашите комшии и сограѓани.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
13 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ