Контрареплика на пратеникот Борислав Крмов кон пратеничката Арта Биљали – Зендели
„Деведесет проценти од дијаспората била албанска – тоа не е точно. Имаме многу поголема македонска и турска дијаспора, којашто ќе кажам, не е организирана и тоа излегува и дека намерно е неорганизирана. И ако вие целосно не ја попишете дијаспората до последен човек, вие не можете да имате фактички попис. Не можете да попишете 30-40% од дијаспора, таа на вас што ви одговара и после да тврдите дека правите попис на дијаспора.
Не постои правична застапеност, етничка, затоашто албанското население тука е класно раслоено.
Затоа ние се залагаме за правична застапеност, ама КЛАСНА правична застапеност. Тоа значи сиромашните Македонци и сиромашните Албанци да имаат предност, а не вашите партиски војници за вработување – тоа е разликата меѓу вас и нас.“
#ЛевицаОдПарламент
#НеОтворамВрата