Македонскиот народ е Илинден!

365064196_861915795291486_3867411924681015830_n

Денеска, на Мечкин Камен, на 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ делегација од Левица предводена од претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Борислав Крмов и портпаролот Амар Мециновиќ, положија венец свежо цвеќе во чест на македонските револуционери кои ги дадоа своите животи за Слободата на Република Македонија.

Споменот на Денот на Републиката и вистината за првиот и вториот Илинден, не може да замре се додека гори поривот на македонскиот народ да ја одредува сопствената судбина и да ја одбрани Државата.

Повторно ќе ги возобновиме идеалите на кои почива Републиката!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

02.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ