Левица – Битола: Големо ништо за битолчани од ветениот мултифункционален спортски комплекс

Левица Битола

Како град препознатлив по спортот, Битола е оставен без никаква спортска рекреација за младите. Мултифункционалниот комплекс од локалната агенда на СДСМ пред четири години, остана само на флаер и нацрт план. Ги нема повеќенаменските спортски сали, а и постоечките се руинирани.

Ракометното игралиште како симбол на спортот во Битола е целосно запоставено, каде што соблекувалните се постојано во вода. Рекордни 12 години се гради градскиот стадион „Тумбе Кафе”.

Затворениот базен кој беше атрактивно најавуван од градоначалничката, сѐ уште е отворен, иако рокот за изградба е до крајот на летово. Останаа само темели и арматура кои претставуваат опасност за околните жители.

Нема танцови школи, пилатес, стрелачки здруженија, боречки клубови.

Вака предвидените содржини со кои ги лажеа граѓаните, особено помладите, ќе придонесат за уништување на спортот во Битола и стекнување голема недоверба во локалната власт.

Сите граѓани, со посебен акцент на младите, ги избркавте надвор од Македонија и со тоа Битола е на врвот како град со масовно иселување.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
26 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ