Пензионерите не отстапуваат, најавуваат масовен протест во Скопје!

penzioneri

Левица изразува поддршка на протестите што беа организирани од страна на пензионерите ширум Македонија.

Овие протести се одраз на непрекинатата борба за социјална правда на нашите постари сограѓани, кои со години работа наназад придонесувале за државата, а моментално се соочуваат со предизвици во однос на финансиска стабилност и задоволување на основните човекови потреби.

На 14-ти Август во Скопје, најавен е масовен протест, а нивните барања се минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари.

Левица ќе застане рамо до рамо со пензионерите на 14ти Август во Скопје и ќе ги поддржи во борбата за пристоен живот.

Левица уште еднаш ја потврдува својата искрена борба за социјална правда и поддршка кон оние кои го заслужуваат најмногу – нашите пензионери.

Заедно во борбата за социјална правда и достојна пензија!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
СОЦИЈАЛЕН СЕКТОР
10.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ