Со 6.664 амандмани Левица го спречува најголемиот грабеж во историјата

345629110_906863483938436_7968398423260144424_n

Левица, единствената вистинска опозиција во Собранието на Република Македонија, во обид го спречи криминалот тежок милијарда и четиристотини милиони евра, подготви 6.664 амандмани!

Двајцата пратеници на Левица, заедно со Правниот сектор на партијата, иако со многу ограничени ресурси, работеа неуморно со денови во изработка на амандманите, со цел да се спречи корумпираниот и штетен договор за Коридорот 8.

Остатокот од опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ иако со 44 пратеници и огромни ресурси, не понуди скоро ништо за да го спречи криминалот, освен празната реторика во јавноста и поднесе едвај 10 амандмани! За потсетување на јавноста, со предлог-законите предложени наменски за конзорциумот ,,Бехтел и Енка” се руши и така кревкиот правен поредок во Република Македонија.

Освен што ќе платиме најскап километар по автопат во историјата, оваа странска компанија ќе може легално да го третира македонскиот работник како роб – со работна недела од фрапантни 60 часа. Низата штетни закони, кои СДС и ДУИ сакаат да ги шверцуваат со европско знаме, предвидуваат експропријација на земјиште само со одлука на Влада, ослободување од даноци за странската компанија, како и пренамена на шумско земјиште без дозволи и одобренија!

Ако беше потребно и се отвореше расправа, нашите пратеници беа подготвени да говорат без престан со денови, само да се спречи овој невиден криминал од енормни размери. Власта, соочена со отпорот на Левица, ретерираше и предлог-законите вчера беа пуштени со фамозното европско знаменце, спротивно на Деловникот и европската регулатива.

За овој скандалозен потег власта нема никаков правен основ и претставува кривично дело! Нешто што и самиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ јавно го призна. Почнувајќи од горенаведениот вицепремиер, за оваа постапка сите инволвирани ќе одговараат кривично и ќе завршат во затвор.

Борбата продолжува!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

09.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ