Стење без вода за пиење среде лето – надлежните молчат!

стење

Едно од најубавите села во Преспа на самата обала на Преспанското езеро и голема туристичка атракција, со години наназад, посебно во летниот период, кога населението има најмногу потреба, се соочуваат со недостиг на вода!

Жителите на Стење, не само што до сега беа под рестрикции и тешко доаѓаа до вода за хигиенски услови, во овој период со денови останаа и без пивка вода. Буквално како во камп со бегалци, се чека цистерна во редици жителите да наполнат вода за пиење.

Па нели е ова срамно, болно и бедно овие луѓе да бидат оставени без основните услови за живот! И централната власт на СДС и градоначалникот од ДПМНЕ – Јован ТОЗИЕВСКИ молчат за маката со која се соочуваат жителите, додека со години (секогаш пред изборна кампања) им ветуваат дека овој проблем ке биде решен веднаш по доаѓањето на власт.

И додека и двете страни молчат и се спремаат за широка коалиција, со цел за полесно и збратимено да го распродадат државниот идентитет, за лични нивни интереси, лажејќи го народот дека сме блиску до ЕУ, јавно ги прашуваме: Колку ова село без вода за пиење е блиску до европската иднина за која се откажавме од македонскиот идентитет?!

Левица како политичка партија и локалниот огранок во Ресен им дава поддршка на жителите на село Стење во наредните чекори – ако е потребно и до радикализација на ситуацијата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО РЕСЕН
15.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ