(Видео) Мојсоска: На власта полесно ѝ е да го промени Уставот, отколку да сруши дивоградба на Матка

јована мојсоска mojsoska

Извадок од гостувањето на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица, во емисијата „Јади Бурек“.

„Јас често слушам од оние платени експерти, ‘ама на Бугарија таков им е уставот’. Па и нас пред 2001г. поинаков ни беше уставот, не е втемелен во камен. Ние буквално секоја година го менуваме уставот.

Кога говориме за европски интеграции, никој не зборува за сериозното ниво на корупција, за сериозното ниво на сиромаштија, на криминал, на непотизам. Ние имаме, на пример, на Тетовскиот универзитет, ректорот Вулнет Амети, уште кучето и мачето си ги нема вработено.

Но, наводно, клучен исчекор била промена на уставот! Ништо друго не се артикулира. Нас полесно ни е да го отвориме и промениме уставот, отколку да срушиме една дивоградба на Матка.“

Јована Мојсоска – Гостување во емисијата „Јади бурек“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
28.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ