Иако министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, најави дека оваа година е постигнато историско најголемо зголемување на цената на винското грозје за 30 отсто, реалноста на терен е сосема поинаква.
Тие 30 отсто значеа зголемување кај смедеревката од 10 на 13, а кај вранецот од 11 на 15 денари, иако недоволно високи, сепак малку ќе се задоволеа производствените трошоци кај лозарите.
ВИСТИНАТА е дека откупот почна со намалено темпо и од мал број на винарии, а цените кои беа понудени беа дури пониски од минатогодишните.
Вранецот се откупуваше со слаб интерес за 10 до 12 денари и дел скапуваше и остана на нива, додека смедеревката за 10 до 11 денари. Шеќерните единици по кои требаше да се плаќа грозјето беа секаде занемарени и не беа вклучени во цената.
Левица јавно го повикува министерот Николовски и државниот земјоделски инспекторат, да излезат на терен и да направат увид во откупот на винско грозје и да ги санкционираат сите винарии кои не се држат до договорените цени и договори. Лозарите кои живеат од сопствениот труд мора да бидат заштитени од канџите на олигархијата.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
04.10.2022