Општина Прилеп удира по народот, бара енормно зголемување на данокот за имот кој не се користи

ПРИЛЕП

Ги известуваме сите прилепчани дека на следната седница на советот, од страна на Општина Прилеп се бара советниците да изгласаат ЗГОЛЕМУВАЊЕ за три пати на данокот за имот кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци.

Во истата таа Одлука се предвидува и казна за тие што намерно или ненамерно нема да пријават дека не користат недвижен имот кој е во нивна сопственост. За нив е предвидено зголемување на данокот по стапка ПЕТ ПАТИ ПОВИСОКА!

Наместо општината да најде начин како да ги реактивира сите услужни и продажни капацитети кои не функционираат поради економската и Ковид кризата, да најде начин да ги врати изгубените работни места, тие одлучуваат да удрат по џебот на народот со зголемување на данокот.

ЛО Левица Прилеп бара појаснување од Општината за овој бесмислен потег и да одговори дали овие покачувања ќе се користат за зголемување на администрацијата во пресрет на новите избори, поточно за партиски интереси и предизборна кампања.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ЛЕВИЦА – ПРИЛЕП
25.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ