(Видео) Левица – Прилеп: После секој пороен дожд, нови ветувања

Левица Прилеп Поплави

Околу 6.5 милиони евра потрошени на јавни набавки од страна на ЈКП „ Водовод и Канализација “ – Прилеп во последните неколку години, 700 000 илјади евра за реконструкција на канализациските инсталации само последниве две години, за при посилна бура прилепските улици да се претвораат во реки!

Како и во време на претходната власт, така и при сегашната власт од СДСМ, ова комунално претпријатие, кое е од витално значење за нашата општина, е целосно парализирано и служи за вработувања на партиските војници.

Бараме одговорност од директорот Емил Јанески, како и од градоначалникот Илија Јованоски како директно одговорен за оваа ситуација, да сносат ОДГОВОРНОСТ за фекалиите кои пловат низ прилепските улици, ОТЧЕТ за потрошените пари и резултатот од сработеното.

Оваа алармантна ситуација дополнително е влошена благодарение на ЈКП Комуналец. Вработените во комуналното претпријатие реагираат дека по наредба на нивните надлежни, со цел “скратување на трошоци”, место да го собираат насобраниот песок и земја од улиците, го метат и ги полнат шахтите за атмосферски води.

Дополнително, ЈК Водовод преќутно дозволува диви приклучоци на канализацијата, кои место во фекалната, ги приклучуваат во дождовната. Овие проблеми се протегаат веќе 30 години. Со најголеми проблеми се соочуваат граѓаните во населбата Тризла и населбата Корзо, кои низ изминативе годинии претрпеле огромни штети по нивните домови.

После секој пороен дожд, локалните власти ветуваат дека овој проблем ќе биде среден, но, засега ветувањата остануваат само празни зборови.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
11 јули, 2021

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ